Научниците утврдија дека постојат 3 видови пост-ковид синдроми: Ова се симптомите за секоја од варијантите на коронавирус

Добивај вести на Viber

Ново, сè уште нерецензирано истражување на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон покажува дека луѓето со пост-ковид синдром може да се поделат на три различни подтипови. Станува збор за пациенти кои биле заразени, излекувани, но и по три месеци имаат одредени симптоми и потешкотии.

Трите типа на пост-ковид состојби вклучуваат:

- пациенти со невролошки симптоми како што се замор, мозочна магла и главоболки (најчесто развиени кај луѓе кои биле подложени на алфа и делта варијанта на ковид)

- пациенти со продолжени респираторни симптоми како што се болка во градите и отежнато дишење (најчесто развиени кај оние кои биле изложени на првиот вид - Вухан)

- пациенти со низа симптоми од срцеви палпитации и болки во мускулите до промени на кожата и косата

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) проценува дека еден од пет пациенти кои биле заразени со корона вирусот ќе страда од таканаречениот долг ковид.

- Слушајте ги вашите тела и верувајте им на другите кога се жалат на овие симптоми, тие се реални. Мислам дека многу луѓе кои живеат со овие симптоми едноставно ги игнорираат, вели д-р Гета Мантравади, специјалист за заразни болести.

„Овие податоци јасно покажуваат дека пост-ковид синдромот не е само една состојба, туку има неколку подтипови. Разбирањето на основните причини за овие подтипови може да помогне да се најдат стратегии за лекување“, заклучи д-р Клер Стивенс, една од истражувачите.

извор:zena.blic

Како да дознаете дали имате корона без тест: Ова се двата клучни симптоми по кои се разликува од обичната настинка