НАУЧНО ДОКАЖАНО: Децата кои личат на татковците се поздрави
Дали сте знаеле дека децата кои личат на татковците се поздрави од децата кои личат на мајките?
До моментот кога ги дуваат своите први роденденски свеќички на тортата, децата кои изгледаат како нивни татковци може да бидат поздрави од оние деца кои не делат сличности. Имено, според најновите истражувања, може да се откријат потенцијални здравствени проблеми на децата врз основа на тоа на кој личат.
Експертите откриле дека девојчињата и момчињата кои личат на татковците имаат помала веројатност дека ќе страдаат од астма. Исто така, децата кои потсетуваат на машкиот родител воглавно имаат помала потреба да одат на лекар. Како и да е, истражувањето исто така открило дека татковците кои не живеат со децата и мајката, поминуваат повеќе време месечно со децата ако постојат повеќе физички сличности помеѓу нив.
„Секако таткото игра важна улога во воспитувањето на детето, а ова го одразува здравјето на децата. Меѓутоа, откривме дека децата кои личат на таткото генерално се поздрави“, објаснил истражувач.