Не ѝ се доволни 129.000 долари месечно: Поранешната сопруга на Кевин Костнер проговори за заработката на актерот и откри зошто бара поголема алиментација
Актерот Кевин Костнер неодамна се разведе од дизајнерката
Кристин Баумгартнер, а неговата агонија околу алиментацијата е далеку од
завршена.
Имено, Кристин на почетокот не сакала да се исели од вилата на Костнер во која живееле со своите деца, а кога судот ја принудил на тоа, таа решила да добие што е можно поголема алиментација за четирите деца кои ги има со актерот.
Месечно и биле понудени 129.000 долари, но таа смета дека се недоволни, пишува „NY Post“.
Понатаму се вели дека Кристин сега бара сумата да се зголеми на 175.000 долари месечно за „децата да можат да уживаат во истиот начин на живот како кога нивните родители биле во брак“.
Таа изјавила дека децата живеат со татко им во вила на плажа, а вредноста на овој имот се проценува меѓу 65 и 95 милиони долари, додека со Кевин одат на луксузни патувања во приватен авион. Таа сака да може да го прават истото и со неа.
Потребна е поголема алиментација за да можат децата да одат на слични одмори кога се со неа, а тоа е точно дури и ако со давање алиментација и го подобрува животниот стил на Кристина“, се наведува во барањата што ги објавија споменатите медиуми.
Кристин исто така истакна дека тоа е „стандардот што го бара законот за семејство во Калифорнија“, а додаде дека и со поголемата сума што ја бара, децата нема да можат да живеат со неа толку удобно како со нејзиниот поранешен сопруг.
Дизајнерката нагласила и дека Костнер во последните две години заработувал повеќе од 1,6 милиони долари месечно, а дека сега таа планира да изнајми куќа за 40.000 долари месечно.
„За разлика од комплексот на плажа на Кевин, куќата што планирам да ја изнајмам е веднаш до автопатот. Нема пристап до плажата, ниту е пеш се стигнува до плажа, па нема живописен поглед“, се пожалила дизајнерката, а дали ќе успее да добие повеќе пари од поранешниот сопруг, останува да видиме.
Фото: Youtube - screenhsoot