Не е вистина дека ѝ го одземам детето: Се огласи поранешниот сопруг на Северина
Северина во иднина ќе може синот да го гледа двапати неделно попладне и секој втор викенд од сабота до недела наутро. По оваа судска одлука се крена голема прашина во медиумите, а адвокатскиот тим на хрватската поп-ѕвезда веќе најави жалба. По емотивното писмо кое Северина го објави на социјалните мрежи веднаш по пресудата, сега конечно се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ и за српски „Телеграф“ нагласува дека неговата цел никогаш не била детето да ѝ се одземе на мајката, но и дека старателството е заедничко, со тоа што Александар отсега ќе живее со него.
- Договорот меѓу родителите е секогаш над било која пресуда (се разбира, освен кога судот ќе одлучи дека не е во интерес на детето да биде со еден од родителите, но тоа е друга приказна). Доколку детето сака да поминува повеќе време со мајката и ако таа ги почитува неговите обврски како што е на пример училиштето, не гледам проблем мајката и сиинот повторно да поминуваат повеќе време заедно. Сакам да нагласам дека Северина е глава на своето семејство, таа ја издржува целата фамилија, многу работи, активна е и има многу малку слободно време на располагање. Иако според старата пресуда детето живееше кај неа, времето кое таа досега го поминуваше со синот беше многу ограничено - објаснува Поповиќ.
Тој потсетува дека пресудата не гласи тој да биде старател и дека со Северина остануваат заеднички старатели, освен во два аспекта.
- Пресудата единствено дефинира дека детето сега ќе ја има мојата адреса на живеење, но и понатаму ќе продолжи да го поминува времето и со мајка си и со мене. Далеку од тоа дека детето ѝ е одземено на мајката - вели Поповиќ.
Бизнисменот кој од минатата недела е трн во очи на многу жени од целиот регион, во истото интервју обвинува дека добивал сериозни закани од сегашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ, и дека за тоа ќе побара дополнителна заштита.
Поповиќ повторно ја обвинува Северина дека продолжува да го злоупотребува своето родено дете во комерцијални цели и дека фановите ја сожалуваат бидејќи не знаат дека таа всушност е против заедничко старателство и дека единствена добиена битка за неа е ако синот комплетно го одвои од својот биолошки родител.