Не го пуштија да ја види за последен пат: Момче пее пред болница, за мајка му која умира

Во моментот кога пееше, малото момче не знаеше дека неговата мајка наскоро ќе ја нема засекогаш


Четиринаесет годишниот Били Девајн се прости од својата мајка која почина во болница пеејќи ја нејзината омилена песна „Shallow“ од Лејди Гага под прозорецот.

На неговата мајка Џејн и беше дијагностициран рак на дојка во јули минатата година. Иако се бореше силно против оваа болест, нејзината состојба се влоши на почетокот на септември годинава, поради што мораше да биде хоспитализирана. Иако момчето очајно сакаше да ја види, тој не можеше затоа што лекарите забранија посета во болници поради корона вирусот. Не знаејќи дека наскоро ќе ја изгуби својата мајка, тој го донесе озвучувањето пред болницата и ја отпеа омилената песна на неговата мајка со својата пријателка со цел да ја развесели. Набргу потоа, неговата мајка замина засекогаш.

Сега кружи видео на кое се гледа момче полно љубов, како пее пред болницата.

- Обожавам да пеам, а мајка ми секогаш сакаше да ме слуша. Мислев дека ќе биде убаво изненадување, да ѝ ја отпеам нејзината омилена песна - вели Били.

Тој вели дека, без оглед на сè што може да се случи во иднина, тоа ќе остане во неговата меморија како „изведба на животот“.

- Никогаш нема да го заборавам изгледот на мајка ми додека ме гледаше од прозорецот на болничката соба. Сега, кога се сетив на тоа, добивам сите морници - вели момчето.

Џејн почина на 7 септември, само неколку дена откако Били и отпеа песна. Никогаш нема да може да прежали што не ја видел својата мајка и не се збогувал со неа, но вели дека е неизмерно благодарен на болничкиот персонал што се грижеле за неа до самиот крај.

- Им благодарам и на тоа што ми дозволија и ми помогнаа да го изведам она што го изведов, да и пеам - вели тинејџерот.

Сега организира хуманитарни акции, со цел да собере пари за болницата во која се лекуваше неговата мајка и да им овозможи на пациентите да имаат најдобри можни услови.

Видеото од момчето како пее, погледнете во овде.


Фото: screenshoot/derbytelegraph.co.uk

Можеби ќе ве интересира:

Има само една желба: Го отвори писмото од синот до Дедо Мраз и се расплака