Не издржаа ни две години во брак: Канје Вест и Бјанка Сенсори се разделија-ова го налутило музичарот
Канје Вест и Бјанка Сенсори наводно се разведуваат по помалку од две години брак. Двојката помина низ тежок период и голема брачна криза, како што пренесува американскиот портал „TMZ“.
Американските медиуми објавија дека Канје Вест и Бјанка Сенсори им кажале на своите блиски пријатели дека се разделиле пред неколку недели.
Наводно, прославениот музичар ги известил најблиските дека планира да се разведе од атрактивната Австралијка и да се пресели во Токио.
Нивниот наводен развод беше поттикнат од неодамнешното патување на Бјанка во нејзината родна Австралија, каде што отиде да помине некое време со семејството и пријателите.
Двојката последен пат беше видена заедно на 20 септември во Токио, придружувани од две од четирите деца на Канје од бракот со Ким Кардашијан. Меѓутоа, после тоа Вест во јавноста се појави исклучиво сам.
Да потсетиме дека парот официјално се венча во 2022 година, еден месец откако беше финализиран разводот на Канје со Ким. Сопружниците креваат голема прашина каде и да се појават, пред се поради ексцентричното, разголено издание на убавата црнка. Наводно, раперот ја „присилува“ Бјанка да носи ваква провокативна облека, а во неколку наврати се огласиле и нејзините роднини да изразат загриженост дека Канје ја „контролира“.