Не можеше да ги задржи солзите: Руската убавица, Викторија Лоба низ солзи испрати моќна порака за мир

Пејачката со руско потекло, ледената убавица Викторија Лоба во утринската на Телма, пред некој ден, испрати моќна порака за мир во светот.

Лоба, покрај тоа што зборуваше за убави работи од нејзиниот приватен живот и кариера, се осврна и за моменталната ситуација во Украина, односно војната која трае веќе недела дена. 

Таа не можеше да ги сопре солзите во очите, давајќи коментар за воениот напад од Русија врз Украина:

- Јас сум со огромна желба за мир и разбирање помеѓу народите, пред се' народот треба да биде един, не треба да не' одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи, националности итн, треба да го доживееме тоа единството во нас, а кога ќе го доживееме тоа единство, нема да може ни еден политичар да не' скара - рече Викторија.

ВИДЕО (14:23):