„Не можев да гледам, да одам, да слушам. Среќен сум што сум жив“: Ештон Качер откри дека боледувал од ретка автоимуна болест која ги оштетува крвните садови и органите

Ештон Качер откри дека боледувал од ретка автоимуна болест поради која не можел да слуша, да гледа или да оди

Познатиот актер ја сподели својата приказна во новата епизода од шоуто на Бер Грилс „Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“, кое ќе се емитува на „National Geographic“, пренесува „Дејли мејл“.

„Пред две години ја имав оваа чудна, супер ретка форма на васкулитис, која ми го уништи видот, ми го уништи слухот, ми ја уништи рамнотежата“, рекол Ештон Качер (44).

Според клиниката Мајо, васкулитисот вклучува воспаление на крвните садови, што предизвикува згуснување на ѕидовите и намалување на протокот на крв низ нив. Поради овој ограничен проток, може да дојде до оштетување на органите и ткивата. Постојат многу видови на васкулитис, а повеќето од нив се ретки.

„Не го цениш додека не го снема. Се додека не кажеш: „Не знам дали некогаш ќе можам повторно да гледам, не знам дали некогаш ќе можам повторно да слушнам. Не знам дали некогаш ќе можам повторно да одам“, рече актерот на кој му требало една година да си ја врати силата.

Тој додаде дека имал среќа што преживеал и дека борбата со болеста ја гледа како добра работа бидејќи пречките му донеле напредок за да се развие и да воспостави контрола над проблемот.

Кучер, кој има две деца со сопругата Мила Кунис, се чувствува добро.


Фото насловна: Инстаграм - Мила Кунис