Не, не бев одсекогаш убава: Како изгледаше Џорџина пред гламурот со Роналдо
Љубов на прв поглед се случи далечната 2016 година, кога Кристијано Роналдо ја виде Џорџина во продавница во која таа работеше како продавачка. Џорџина Родригез сега не само што патува низ светот со приватни авиони и луксузни јахти, туку и ги краси насловните страници на бројни списанија - и има толку многу пари што на својот избраник му подари џип Мерцедес. Нејзиниот стил и убавина го привлекуваат вниманието на целиот свет, но како што вели таа не била отсекогаш таква убавица.
Нејзината врска ја чинеше работа. Клиентите постојано доаѓаа во продавницата со надеж дека ќе го забележат Роналдо - и ја молеа Џорџина за селфи. Не помина долго време кога управата и Џорџина се согласија дека најдобро за неа е да замине и засекогаш да престане да работи.
„Фотографите отсекогаш ме чекале. Директорот ми рече да слезам во подрумот бидејќи не сакаше да ме види во продавницата. Почнав да се чувствувам многу непријатно и потоа ја напуштив работата“, истакна таа.
Сепак, самата манекенка и свршеница на Кристијано Роналдо признава дека не била толку убава кога пораснала.
„Кога бев мала, бев грдо пајче и се претворив во лебед. При раѓањето никој не би рекол дека подоцна ќе пораснам во убавица. Отсекогаш ми го кажувале тоа, но јас се сакам себеси таква каква што сум. Никој не е совршен, сите сме единствени и тоа е посебно само по себе“, изјави таа во едно интервју.
Судејќи по фотографиите од минатото, таа имала потенки усни, и малку поширок нос, а во јавноста се уште се шпекулира дали има направено некои естетски корекции.
Во секој случај, денес е позната по својата убавина и извајана фигура, а на многу жени им служи како фитнес инспирација. Формата ја одржува со редовно вежбање и здрава исхрана, но како и најпопуларните жени во светот - често е мета на критики поради нејзиниот стил.
Во реалноста, нејзината љубов со Кристијано Роналдо изби во јавниот свет, а ја преплавуваат разни модни договори, како и договор со Нетфликс, а се верува дека моментално има повеќе од 20 милиони фунти на нејзината сметка.