Не одам на местото каде што ми го убија сопругот: Цеца си ја отвори душата

Фолк- пејачката Цеца Ражњатовиќ во едно интервју се присети на својот сопруг, Жељко Ражњатовиќ- Аркан. Таа вели дека откако неjзиниот сопруг е убиен, никогаш не го посетила хотелот каде што се случи убиството во 2000 година. 

„Уште живеам со таа траума и со таа тага. Не можам да се помирам со загубата, но морав да научам да живеам со сите стравови кои ми се случија“, рекла Цеца.

Цеца со децата, Анастасија и Вељко 

Пејачката вели дека дури и кога нејзини блиски пријатели правеле прослави во хотелот „Интерконтинентал“ таа никогаш не се појавувала, а сите ја разбирале без да се навредат.

Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен а 15 јануаари во 2000 година. цеца ги има децата Вељко и Анастасија. Ќерката тргна по стапките на мајка си, и таа е пејачка.