„Родители како од учебник извадени, среќа е што сте мои“: Горан Папаз емотивен за 40 годишнината од брак на неговите родители

Добивај вести на Viber

Познатиот музичар Горан Папаз, објави ретро фотографии од свадбата на неговите родители Велика и Лазе кои прославуваат 40 години брак.

„Родители како од учебник извадени. Среќа е што сте мои. 40 години, златни. Да ви се множат уште многу“, напиша Папаз.

Фотографиите се токму оние извадени од семеен албум, кој кога ќе го отвориш има посебен мирис на носталгија.


На фотографиите е мајката на Горан облечена во бела венчаница, како влегува во бел автомобил мерцедес кој во тоа време било престиж. Додека неговиот татко облечен во костум со кравата.

Инаку Горан се ожени во јули 2022 година со неговата избраничка Наташа.

Фото: Фејсбук