Не се откажува од модата дури и за време на пандемијата: Ирина Шајк стилизирана во воен принт

Добивај вести на Viber

Таа се грижи за сите мерки на заштита, но не се откажува од модата


И овие денови таа се обидува да изгледа совршено стилизирана, а со својот последен стајлинг ја оправда титулата ѕвезда на уличен стил.

Дури и општата вонредна состојба што ја зафати планетата не ја спречи да се грижи за себе и да дозовли модата да и биде споредна работа.



Фотографирана е на улиците на Њујорк, во стил кој ги воодушеви сите модни критичари. „Обичен и стилски, едноставен стајлинг како пример. Таа знае како да ја комбинира гардеробата на вистински начин и ретко кога погрешила“, гласи еден од коментарите на социјалните медиуми.
Воениот принт беше еден од водечките трендови во текот на зимската сезона и ја одржуваше својата водечка позиција во текот на пролетните денови. Таа дури и ја вклопи маската со својот аутфит и испрати јасна порака до сите дека придржувањето кон сите мерки на превенција е задолжително, но и стилски компатибилно.

Фото: Profimedia