Не се плашевме за безбедноста, девојките од Русија и Украина не зборуваа за војната: Мики Црнокрак за престојот во Бејрут

Модниот менаџер Мики Црнокрак вели дека му е драго што меѓу девојките кои се натпреваруваат за Мис од Украина и од Русија, не се чувствува нетрпеливост и не се зборува за војната во Украина.

Црнокрак веќе две недели е во Бејрут, Либан на изборот за Мис на Европа со двете претставнички од Македонија, членки на модното студио „Црнокрак“, кој се одржа во хотелот „Хилтон“ вчера. И двете наши девојки, Ана и Мија се вратија сом титули од изборот.


-Голем успех за Македонија, двете наши претставнички се закитија со титули. Двете влегоа во Топ 10, а на крајот Мија Стерјовска ја освои титулата Втора придружничка, а Ана Брзанова титулата Miss Friendship. Победи претставничката на Србија, а титулата Прва придружничка ја освои девојката од Шпанија“, изјави Црнокрак.


Финалистките од цела Европа 15 дена претстојуваа во Бејрут, каде се подготвуваа за големото финале. Црнокрак за Женски магазин раскажа како состојбата со Украина и со Русија влијаела на девојките таму, и дали тој и девојките се плашеле за својата безбедност.


-Не се плашевме за нашата безбедност, никогаш немало никаков проблем. За војната во Украина не се зборува многу, овде секако убавината е на прво место и не се забележува никаква нетрплеивост помеѓу девојките од Русија и Украина. Бевме сместени во Империал Суитс хотел во центарот на Бејрут. Секој  ден девојките ги шетаа на различни места, навистина има што да се види во Либан, и ги подготвуваа за големото финале“, ни раскажа Црнокарк кој не е во Либан за првпат и е воодушевен од менталитетот на луѓето.


-Последниве 7-8 години откако модното студио „Црнокрак“ ги има лиценците за изборите кои се одржуваат доаѓам тука. Ми се допаѓа менталитетот на луѓето тука. Темпераментни, дури и еуфорични, убави жени, секогаш стокмени од глава до петици, 90 проценти со корекции, што е нормална работа за секоја жена тука“, вели Мики за жените од Либан.


Како голем љуботел на скијањето, тој го искористил претстојот во Либан да посети понат ски центар таму.


-Одлично поминавме во ски центарот Mзар, 40  километри од Бејрут, на планината Фараја, на 2500 метри надморска висина“, вели Црнокрак.


М.Џаровска

Фото: Приватна архива