Не се препознавам, но повеќе нема да се кријам: Линда Евангелиста покажа како изгледа по третманот кој ја деформираше
Една од најпознатите манекенки од 90-тите по години криење ги покажа резултатите од процедурата која ја деформираше.
Поранешниот топ модел Линда Евангелиста некогаш беше позната како најубавата жена на светот. Но, таа живее во изолација во последните пет години, а сега проговори за третманот што тврди дека ја уништил. Таа беше подложена на третман за вишок кожа и призна дека тој ја оставил трајно деформирана. Во интервју за магазинот People, таа сега раскажа како тоа влијаело на нејзиниот живот и покажа како навистина изгледа.
„Сега се плашам да налетам на некој што го познавам. Не можам повеќе да живеам во срам. Уморена сум од криење. Подготвена сум конечно да проговорам", рекла Линда. Таа рече дека три месеци по третманот почнала да забележува испакнатини на брадата, бутовите и пределот околу градите. Областите што сакаше да ги намали наеднаш пораснаа, а потоа отекуваа.
„Мислев дека го губам умот“
„ Имаше моменти кога престанав да јадам, мислев дека го губам умот", признала таа. Во јуни 2016 година, конечно решила да посети лекар кој ѝ рекол дека ниту една диета или вежбање нема да ѝ помогнат.
Констатирана ѝ е парадоксална хиперплазија на масното ткиво, односно ретка нуспојава по третманот во која процесот на замрзнување предизвикува згуснување и проширување на заболеното масно ткиво. Евангелиста на крајот направила две липосукции, но таа тврди дека ниту тоа не ѝ помогнало.
„Не се препознавам себеси“
„Не се гледам во огледало. Отсекогаш знаев дека ќе остарам и знам дека има работи низ кои поминува моето тело. Но, едноставно не мислам дека би изгледала вака. Физички не се препознавам, дури и не се препознавам како личност. Линда Евангелиста повеќе не е супермодел“, признава Линда.
„Се надевам дека ќе се ослободам од срамот и ќе им помогнам на луѓето кои се во иста ситуација како мене. Тоа е мојата цел. Но, едно знам сигурно - нема да кријам повеќе", заклучила таа.
Инаку, Линда беше една од најуспешните и највлијателните модели во 1990-тите. Во една прилика изјави дека не станува од кревет за понуда помала од 10.000 долари.
„Ниту еден модел не бил подобар од неа“, изјави за People поранешната главна уредничка на Vogue, Ана Винтур.
извор:index.hr