Не се знае кој е поубав! Еве како изгледаат децата на Драгана Мирковиќ: Со што се занимаваат Мануела и Марко (ФОТО)
Пејачката само во неколку наврати зборуваше за нив, бидејќи ниту синот ниту ќерката не сакаат да бидат претерано експонирани во медиумите.
Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ со години вешто се обидуваа да ги сокријат своите деца од медиумите, додека самите тие не пораснаа и решија да не се експонираат. Тоа е само уште една причина повеќе зошто Мануела и Марко отсекогаш биле интересни за јавноста.
Сега, сепак, се знае како изгледаат, а не е доволно само да се каже дека израснале во убави млади луѓе. Мануела која има 20 години заврши средно училиште, а судејќи по една од последните изјави на Драгана се одлучила за угостителство.
- Моите деца се најнормалните деца на светот, кои имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела завршува средно училиште. Тие си градат свој пат, сами. Мануела отиде на пракса во хотелот „Риц“, каде што работеше на рецепција, иако можеше да има пракса и во нашата компанија - изјави Драгана претходно во една емисија.
- Мануела е поинаква, повлечена е, таа е моето бебе. Моите пријатели велат дека таа е девојка со најубави очи и најчиста душа. Тие се нормални деца, што е најубавиот комплимент на денешницата. Не се разгалени, не патат за брендови, дури еднаш ја замолив ќерка ми да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне, би ѝ било срам другарките ја видат во него. Таква е - искрено изјави Драгана.
Мануела многу потсетува на мајка си, особено откако ја промени бојата на косата, односно од руса во црна, каква што има Драгана.
Што се однесува до првенецот на Драгана и Тони, Марко, тој има 22 години и студира економско право. Како што може да се види на социјалните мрежи, тој се занимава и со автомобилизам.
Инаку, Марко ги наследил сите убави црти на лицето од мама и тато, па израснал во вистински убавец, а би се рекло и заводник.
Пејачката досега само еднаш објави слика од Марко, по неговото учество на хуманитарна трка со автомобили, кога покрај фотографијата напиша:
- Мојот син - мојата гордост, кој почувствува потреба да ја покаже својата хуманост на дело. Фактот што во неговите млади години, во време кога поголемиот дел од неговата генерација е најмногу насочена кон себе и своите потреби, покажа желба да им помогне на другите, ме натера да сфатам дека тој е исклучително зрел, несебичен, но пред се добар и вреден човек. млад маж.
Инаку, Драгана ја почитува приватноста на своите деца, па ретко зборува за нив. Таа во една прилика зборуваше за тоа какви се тие како личност и истакна дека се скромни пред сè.
Извор: 24sedam.rs