Не треба да ги мразиме луѓето кои завидуваат, тие ви признаваат дека сте подобри: Моника Белучи

Моника е далеку од титулата која им се наметнува на жените каква природа ја наградила со фаталниот изглед, но и далеку од претставувањата на себе како врвна актерска ѕвезда.

Изгледот и талентот кој ги поседува ги искористила најдобро што умеела, иако во повикот на актерка се најде сосема случајно.

Баш како и нејзините улоги кои се прилично разновидни, па и контроверзни, тоа на некој начин би можело да се каже и за нејзините ставови, а тие секогаш се многу цврсти и без влакна на јазик.

Никогаш не претерувала, но исто така немала проблем да каже што и е на ум, на општо изненадување на јавноста и медиумите.

-За ништо на светот не би сакала да имам пак 20 години. Сега сум мнгоу посреќна, отколку тогаш, бидејќи во таа возраст се спознаваме себе, се обидуваме да го разберме она што сакаме да бидеме, страдаме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што можам да живеам.

-Да се биде убава на 20 години-тоа е природно. Кога сте убави на 35 или 45 тогаш тоа е резултат на работата на себе и вашата внатрешна среќа.

-По мое мислење глупо е, со оглед на младоста и убавината, да станете спонзоруша и девојка на некој со длабок џеб, како и бескрајно да го трошите животот на забави. Убавината ни е потребна како помош да пронајдеме хармонија, љубов и смисла во овој хаотичен свет.

-Не треба да ги мразиме луѓето кои завидуваат, тие ви признаваат дека сте подобри.

-Убавината станува експресивна и интересна кога е покриена со облека.

-Женственост-тоа е хармонија, природност и сензуалност.

-Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо освен убавина.

-Жената може да сака така што никогаш нема да замине, но исто така може да дојде и денот кога ќе си замине така , како никогаш да не ни сакала.