Не жалам што немав деца: Оскаровката поради ова таа е на столбот на срамот во текот на целата кариера

Хелен Мирен на јавноста и е позната по улогите како кралица поради нејзиниот аристократски изглед и став, а улогата на кралицата Елизабета Втора во филмот „Кралица“ и донесе Оскар. Меѓутоа, она што ќе ја направи уште повеќе запаметена меѓу луѓето е нејзината експлицитна позиција дека не сака да има деца затоа што не знае како да ги вклопи во актерската кариера.

„Мајчинството не беше наменето за мене. Верував дека може да биде, чекав да се случи, но никогаш не се случи. Но, исто така, никогаш не се грижев за тоа што мислат другите", изјави Хелен Мирен (75) за британското издание на списанието „Вог“.

Познатата аристократска актерка, која е „обележана“ со улогата на кралици меѓу филмските фанови, откако стана позната по улогите на кралиците Елизабета Прва и Елизабета Втора, но и улогата на Шарлот во филмот „Лудилото на кралот Џорџ“, е во брак со режисерот Тејлор Хакфорд од 1997 година. Ова е негов трет брак, додека за познатата актерка тоа беше прв брак, но тие никогаш немаа деца, иако Тејлор од претходните бракови има двајца наследници. 

„Отсекогаш сум била премногу зафатена со животот на актерката и никогаш не можев да разберам како може да донесете дете во таков свет без да го изневерите на некој начин“, изјавила Хелен за британските медиуми претходно, а потоа подвлече дека нејзе мајчинство всушност, никогаш не и било ни приоритет.

„Тоа никогаш не беше свесна одлука. Секогаш беше можеби следната година, можеби следната година, следната година...“, изјави славната Хелен Мирен за Сандеј Тајмс, а потоа додаде: „Никогаш не сум имала трошка жалење за тоа дека немам деца. Во ред, лажам. Кога го гледав "Родителство", плачев 20 минути поради шансата што ја загубив и дека никогаш нема да ја доживеам. Но, тоа беше момент на слабост што ми помина брзо. Сега сум смирена". 

Познатата оскаровка, која неодамна имавме можност да ја видиме во улогата на Магдалена Шо во најновите продолженија на „Пеколни улици“, истакна дека поради нејзината одлука да се посвети на кариерата по цена на родителството, таа често наидува на остра осуда и јавни коментари, но дека научила како да се справи со тоа.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира: