Неда Арнериќ за прв пат прозборе за јавноста откако излезе од болница

Актерката Неда Арнериќ изјави дека се чувствува добро, откако е пуштена на домашно лекување од Воено медицинскиот центар во Белград, каде што беше од 27 февруари.

Пред речиси два месеци, нејзиниот брат ја пронајде во нејзиниот стан во Белград во бесвесна состојба, откако се загрижил што сестра му не му одговара на телефонските повици. Се шпекулираше дека Арнериќ се наголтала лекови и алкохол со цел да си го одземе животот. Актерката итно беше однесена во болницата, а лекрите со денови се бореа да ја спасат.

„Добра сум, не грижете се. Одлично се чувствувам сега. Супер сум и сѐ оди на подобро“, изјавила актерката за „Информер“.

Со познатиот хирург Милорад Мештеровиќ кој почина лани, Неда бешен 35 години 

Пред три години, таа под непознати околности падна од станот на својата тераса и се здоби со повеќе тешки повреди. „Скокнав од тераса затоа што ми се смачи овој живот. Мојот сопруг е болен“, му рекла Арнериќ тогаш на анестезиологот пред операцијата.

На средината на декември минатата година, почина сопругот на актерката, познатиот хирург Милорад Мештеровиќ. Таа само на најблиските пријатели им раскажа дека нејзиниот сопруг ја загуби битката со долгата и тешка болест.

Неда, која ја одигра главната улога во култниот филм „Исправи се Делфина“, со Мештеровиќ беше 35 години.