НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 29 АВГУСТ- 4 СЕПТЕМВРИ: Овните бараат мир, Биковите решаваат стари проблеми
Рак
Во наредниот период фокусот ќе биде ставен на љубовната, а не на работата. Астролозите предупредуваат дека зголемената работа може да донесе здравствени проблеми и несогласувања со партнерот. Планетите ви носат пријатни изненадувања! Дури и да ви се променат плановите, тоа не е причина да бидете нерасположени – ќе ви се отворат некои нови можности и ќе можете да најдете решение за решавање на проблеми.
Лав
Единствениот начин да добиете шанса за брз успех во бизнисот и љубовните можности е да покажете поголема флексибилност и да не се држите тврдоглаво до старите модели на однесување. Треба да станете попристапни, поотворени кон другите, да покажете одредена иницијатива. Само така ќе можете да привлечете некого во вашиот живот. На работа ве очекува стабилна и мирна недела.
Девица
Во наредниот период треба сè поотворено да разговарате со блиските луѓе за работи кои ви се случуваат. За да постигнете подобро расположение и внатрешен мир, астролозите советуваат да започнете да водите дневник. Ова е одлична навика која ќе ви помогне подобро да разберете што се случува во вашата душа, да бидете свесни за вашите емоции. Можеби ќе треба да се борите за вашите идеи на работа. Вашата харизма и шарм ќе ослабат под влијание на ретроградниот Уран.