Неделен хороскоп: Неповолна седмица на нервоза и стрес
Поради се зачестеното влијание на Месечината овој период во хороскопските знаци, се менува и правецот на нашето движење и дејствување. Нема да се случат кој знае какви промени, но нивото на нервоза ќе биде зголемено.
ОВЕН
Сте се вклопиле во средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјалните, па до духовните. Но внимателно со здравјето. Настинските можно е да не ве одминат како и стресот.
БИКВашиот партнер го идеализирате така што ќе дојде момент кога тотално ќе бидете разочарани, па затоа внимавајте. Бидејќи неделава е одличена за уметност, а неповолена за материјални вложувања и практични работи добро би било да одите на кино, театар – одлично ќе се чуствувате. Сепак, прекумерната нервоза ве мачи. Време е да излезете од тој пеколен круг.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекуваат убави моменти. Ќе уживате во новите настани кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги пробате новите предизвици. Во љубовта точно ќе знаете што сакате, па затоа ќе бидете многу упорни и неодоливи. Здравствено сте силни, но трпите многу различни влијанија кои ви предизвикуваат стрес.