Неделен хороскоп: Пред три знаци деновиве опасни предизвици
Стрелец
Докажувањето дека можете добро да поднесете поголема количина на алкохол или мрсна храна, само вас ќе ве загрози, а притоа и ќе оставите впечаток на незрела личност. Меркур ви дава можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе. Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа.
Јарец
Неделава, Венера ќе ви донесе возбудливи изненадувања, бидете спремни. Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност.
Водолија
Обрнете внимание на крвниот притисок и кардиоваскуларниот систем. Вашиот среќен ден неделава ќе биде петок. Неделава ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можете да си приуштите и мал шопинг.
Риби
Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана! Времето поминато со саканата личност е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале.