Неделен хороскоп: Прилика за нова љубов за Девиците, за Јарци и Риби напната недела
Слушајте што ви кажуваат sвездите, ќе ви се исплати!
Неделниот хороскоп носи големи промени и многу можности во љубовта и бизнисот.
Бидете подготвени за нови предизвици.
ОВЕН
Неповолен период за работата може да доведе до промени што не сте ги сакале. Можна кавга со саканата личност и дистанцирање. Кога станува збор за здравјето, ве очекуваат проблеми поврзани со грбот, 'рбетот, вкочанетост, како и болни коски и сл. Разговарајте со вашиот лекар за проблемите што ве вознемируваат.
БИК
Можен неочекуван исход околу настанот поврзан со судот и странство. Кога станува збор за љубовта, постои малку послаба комуникација со саканата личност. Во областа на здравјето, постојат можни проблеми поради поголемиот внес на алкохол, но и проблеми кои можат да бидат поврзани со холестерол, циркулација на крв, црн дроб, жолчка, панкреас и слично.
БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате помали финансиски проблеми. Наследството или заемот се одложува. На полето на љубовта ве очекуваат проблеми со сомнеж или љубомора. Кога станува збор за здравјето, можни се проблеми со варењето, дебелото црево, циркулацијата на крвта, но и со урогениталниот тракт, кој исто така е многу чувствителен. Посетете лекар за секој случај.