Неделен хороскоп: Вагите во финансииски проблеми, Близнаците и Бикот под притисок на работа, а Вие ?
Рак
Многу сте позитивни, иако другите ве нервираат. Не одложувајте ништо што е важно. Конечно ги гледате позитивните промени во животот. Потрудете се тоа да го докажете преку работа, а потоа ќе бидете задоволни на сите полиња. Личност од минатото може да се врати во вашиот живот. Не враќајте се на старите проблеми ако сте во врска.
Лав
Почетокот на неделата не е во ваша корист, но обидете се да направите многу важни работи во средината на неделата. Бидете амбициозни и ќе има подобар прилив на пари. Не се нервирајте ако треба да платите сметки или некои обврски што треба, сепак ќе биде подобро од викендот. Проблемите во семејството може да бидат доста стресни.
Девица
Направете напор да одвоите пари за се‘ што ви треба и да се задоволите себеси и вашиот партнер. Тоа е важно. Внимавајте во сообраќајот. Сега не е време за нови деловни потези, или за какви било потписи, одложете ги. Вашиот владетел почнува ретроградно од викендот, така што се‘ може да се забави.