Недопирлива во обложувалниците: Земјата која е убедлив фаворит за победа на Евровизија (ВИДЕО)

Фото: Profimedia

Украина е сè уште на врвот на евровизиските обложувалници со 28% шанси за победа.

Обложувалниците ѝ даваат најголеми шанси за победа на земјата разурната од војна на овогодинешниот Евросонг во Торино, а по неа е Италија. Трета е Шведска, па Грција и потоа Обединетото Кралство.

Шансите за победа на Украина оваа недела се зголемија за 3%.

Според обложувалниците, Хрватска има помалку од 1% шанси за победа и е на 33-тото. место, додека Србија е на 19-тото.

Украинската претставничка се повлече и беше сменета

Украина требаше да ја претставува пејачката Алина Паш, која на крајот се повлече од натпреварот. Имено, само четири дена по изборот на песна за Евровизија, украинската национална телевизија го прекина потпишувањето на договорот со Алина за Евровизија. Откриено е дека пред седум години Алина отпатувала на Крим, кој е под руска контрола од 2014-та година.

После тоа, беше избрана нова песна наречена „Стефанија'“, во изведба на „Kalush Orchestra“.

Тоа беше второпласираната песна во украинската верзија на Евровизија, иако публиката им даде максимален број поени, жирито ги стави на третото место.



Извор: www.b92.net