Неизбежниот витамин Ц за зима без настинка

Сезоната на вирусни и бактериски инфекции е во полн ек, а погодени се сите старосни групи, од најмладата до најстарата генерација. Факт е дека тие почесто се јавуваат во овој период од годината,кога заради пониските температури повеќе време поминуваме во затворени и затоплени простории каде доаѓаме во контакт со многу други лица и каде условите за развој на микроорганизмите и ширењето на заразата е поголемо. Од друга страна, надвор пак, во овие зимски месеци имаме и најголемо загадување на воздухот кое и тоа како негативно влијае на нашиот имунитет и го олеснува патот и процесот по кој патогените бактерии и вируси ќе предизвикаат некое заболување во нашиот организам. За таа цел, токму во овој период треба најмногу да обрнеме внимание на зајакнувањето на нашиот имунитет. Не можеме да очекуваме дека нашите имунолошки ќелии можеме свесно да ги организираме и да ги пратиме на лов на предизвикувачите на болестите. Имунолошкиот систем има своја логика и  свои правила, и ако го запознаеме како што треба, ќе можеме да утврдиме дали истиот дејствува добро или пак барем примерно. Всушност, имунолошкиот систем по правило лошо дејствува заради пореметување кое е возможно да биде отстрането – неадекватна исхрана, стрес, нездрав начин на живот. Правилен став кон себе и своето здравје, добра хигиена, и чувањето на интегритетот на најголемиот имунолошки орган во телото – нашиот дигестивен систем, исхрана богата со витамини, пред се од групата А, Б, Ц, Д, внесување на олигоелементи се од непроценливо значење во превенцијата на инфекциите, односно се фактори кои го подобруваат нашиот имунитет. Општо е познато дека некои витамини и минерали имаат директна улога во поттикнувањети и одржувањето на одбранбените процеси во организмот. Toa пред се се однесува на витаминот Ц кој организмот не го создава и мора да се внесува преку исхраната во доволни количини. 

Во поново време се повеќе се користат и цитрусните биофлавоноиди кои се природни супстанции и се застапени најмногу во цитрусните плодови. (лимон, портокал, мандарина, грејпфрут) Најчесто се застапени во форма на диосмин, кверцетин, рутин и хисперидин. И тие не можат да бидат произведени од организмот и мора да се земаат преку храна или додатоци. За нашиот организам се многу значајни бидејќи имаат голема улога во повеќе биолошки функции. Пред се, се смета дека биофлавоноидите се неопходни за правилно искористување на витамин Ц и синергистично го зголемуваат неговото дејство.  За да го сфатиме нивното значење,накратко би се потсетиле на нивната улога  и функциите кои ги имаат во нашиот организам.

Витамин Ц 

⦁ Силен антиоксиданс

⦁ Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста и нормална функција на имунолошкиот систем.

⦁ Придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем за време и после интензивна физичка активност.

⦁ Корисниот ефект се постигнува со дополнителен внес на најмалку 200 mg витамин С дневно, покрај препорачаниот внес на витамин С.

Цитрусни биофлавоноиди: 

⦁ моќни антиоксидантистимулираат апсорпција и употреба на витамин Ц.

⦁ го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања

⦁ го намалуваат ризикот од дијабетес

⦁ супортивна терапија кај алергиски заболувања 

КОГА ПРЕПОРАЧУВАМЕ СУПЛЕМЕНТАЦИЈА СО ВИТАМИН Ц:

⦁ При ослабен имунитет

⦁ При замор и исцрпеност

⦁ При грип и настинка

⦁ При вирусни заболувања

⦁ Кај спортисти и рекреативци

⦁ Кај активни и пасивни пушачи

М-р фарм. Соња Пецевска

* ПР - објава

фото: freepik.com