Нејзината борба со анорексија ја следи цел свет: Многумина ги посетуваат профилите на Евгенија за да проверат дали воопшто е уште жива
Таа со години е синоним за анорексија, многумина се исплашени за нејзиното здравје, и како што велат, ги посетуваат нејзините профили на мрежите, за да проверат дали е воопшто жива...
Евгенија Кони (28) стана популарна кога пред неколку години на социјалните мрежи кога почна да зборува за своите проблеми со анорексијата. Собра над 2 милиони следбеници на платформата YouTube, додека на Инстаграм моментално ја следат повеќе од 700 илјади луѓе.
Со оглед на тоа што на многу корисници на социјалните мрежи не им се допаднаа нејзините разголени фотографии на кои таа нагласува многу слаба фигура, овојпат реагираше Тик Ток, каде и го избриша нејзиниот штотуку отворен профил.
- Кога го видов нејзиниот официјален профил на TikTok, срцето буквално ми се спушти во стомакот. Ова е нејзиниот метод. Таа оди на секоја социјална мрежа и се промовира со поттикнување луѓе во таа насока - напиша еден корисник на TikTok, кој ги охрабри другите да го пријават профилот на Евгенија.
На оваа ситуација се осврна и Евгенија, која нагласи дека многумина сакаат да ја „уништат“.
- Знам дека има многу луѓе кои велат дека знаат зошто добив забрана. Всушност, јас не рекламирав ништо лошо. Поголемиот дел од моите содржини се за шминка или видеа на кои шетам или танцувам. Толку многу луѓе сакаат да ме уништат. Сакаат да ме исфрлат од социјалните мрежи засекогаш“, вели Евгенија.
Инаку уште со првата објава на Интернет девојката стана вирална, таа е висока 170 см и тешка околу 41 килограм.
Таа зборува за шминката и модата на Јутјуб, но мрежата која ја прослави се чини дека ја турка сè подлабоко во бездната, кога е во прашање нејзиното нарушување во исхраната.
Пред три години за малку ќе го загубила животот поради анорексија, ѝ била потребна стручна помош.
- Уште кога бев помлада, секогаш бев слаба. Ме малтретираа на училиште. Тоа ме направи понесигурна. Со текот на времето губев се повеќе и повеќе килограми, но мислев дека се е во ред. Потоа, кога почнав да правам видеа и мојот канал растеше, некои луѓе почнаа да објавуваат видеа за моето тело. Беше навистина лошо за мене и се чувствував ужасно. Грижата за себе само се влошуваше, а јас не направив ништо за да почнам да менувам нешто, но имаше момент кога решив дека морам да си помогнам - изјави Евгенија во интервју за јутјуберот Шејн Досон.
Иако е свесна дека има голем проблем, сепак не се опоравила. А јавноста е загрижена за нејзиното влијание врз младите и нивното ментално здравје, и сметаат дека промовира нездрав начин на живот и анорексија со самото тоа што не ја адресира состојбата со која се соочува.
извор:stil.kurir.rs
фото:instagram