Нејзиното тајно оружје: Високите потпетици кои Анџелина Џоли ги носи во секоја прилика
Кога ќе кажеме во секоја прилика, тоа навистина и го мислиме. Актерката Анџелина Џоли последните неколку години не ги истакнува своите стајлинзи, склона е кон класичните парчиња, освен кога се во прашање посебни прилики, како што се премиери или гостувања во странство.
Меѓутоа, дури и тогаш, убавата Анџелина умее да посегне по играта на сигурно кога е во прашање еден аксесоар, а особено кога се работи за деловните изданија. Имено, веќе неколку години наназад nude нијансата стана дел од палетата класични тонови, како црната и белата, од очигледни причини, бидејќи е неутрална, а Аџелина е една од првите холивудски диви која ја препозна моќта на оваа боја.
Актерката носи високи потпетици во оваа нијанса, поради што нејзините стајлинзи секогаш за нијанса делуваат посензуални.
Можеби еден од најдобрите примери за тоа е UN конференцијата на која држеше говор, а за оваа специјална и свечена прилика поранешната сопруга на Бред Пит се облече деловно и класично (бела кошула и црно pencil здолниште), но наместо класични црни, таа избра nude салонки.
Доколку со овој стајлиг се искомбинирани црни чевли, впечатокот ќе беше сосема поинаков, секако построг, можеби дури и посексипилен, но никако помалку сензуален и крајно дамски како со изборот на чевли во оваа боја.
Извор: Ел.рс