„Нека ослабе 15 килограми пред да оди на плажа“: Камила одговори со моќна порака која мора да ја прочита секој
фото:instagram / PROFIMEDIA
Шармантната пејачка секогаш кога е „уловена“ на плажа се соочува со непријатни коментари
Популарната пејачка Камила Кабело е мета на негативни коментари секогаш кога папараците ќе ја забележат на плажа, а истото беше и кога беше фотографирана во Мајами пред неколку дена.
фото:MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIAМузичката ѕвезда облече минијатурно тигарско бикини и уживаше во убавото време, а на социјалните мрежи беше дочекана со фотографии и многу непријатни коментари од целиот свет.
„Камела, изгледаш како кит младенче“, „Таа дефинитивно не е пример на човек кој правилно се храни “, „Нека ослабне 15 килограми пред следниот пат да оди на плажа“... се дел од ужасните коментари со кои се соочува Камила.
Пејачката овојпат не сакаше да ги премолчи, па на Инстаграм порача моќна порака која секој треба да ја прочита:
- Секогаш кога одам на оваа плажа во Мајами сум на мета на папараците, некако секогаш дознаваат кога ќе дојдам. Ме фаќаат во бикини и се чувствувам многу ранливо и неподготвено. Носев премало бикини и не внимавав како изгледам, за потоа да ги видам моите фотографии на социјалните мрежи и сите тие коментари и се изнервирав.
Таа откри како се бори со непријатности во вакви моменти.
„Се потсетив себеси дека ова влијае на мојата самодоверба кога размислувам од културна, а не од моја перспектива. Култура која е толку навикната на тоа како изгледа „здравото“ женско тело што целосно заборави што е реалноста за повеќето жени. Фотошоп, рестриктивни диети, прекумерно вежбање и бирање на агли за фотографирање, од кои нашите тела изгледаат сосема поинаку отколку во тој момент и во природна состојба, па кога да дишеме, кога да јадеме.. Јас се потсетувам себеси на тоа, слушам подкасти за интуитивна исхрана, следам жени кои го прифаќаат нивниот целулит, стрии, стомак, надуеност и флуктуации на тежината... А сепак. Јас сум слободна жена во моите дваесетти години, и сакам да се чувствувам како некој што изгледа убаво - напиша Камила.
Таа истакна дека, за да биде „подготвена за папараците“, на плажа отишла во ново бикини, дека ставила сјај за усни, дека едвај дишела колку го вовлекувала стомакот и дека не можела ни да се насмевне додека се преправала дека не ги гледа луѓето кои ја фотографираат.
фото:MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA- Видов група деца како се кикотат додека ги соборуваа брановите - без очила за сонце, накит, само со детска невиност, а тоа е сето чувство што отсекогаш го имав кога одев во природа - откри Камила.
„Знаев дека ќе изгледам „добро“ на фотографиите и мислев дека ќе се чувствувам исполнето, а сепак никогаш не сум си поминала полошо на плажа.
Таа призна дека се уште не е дојдена до точка да не се грижи за туѓото мислење.
- Интелектуално знам дека тоа како изгледам не одредува колку сум среќна, здрава или секси. Емотивно, гласно ми одекнуваат во главата пораките што ги добивам од светот - искрена е пејачка.
Ова, инаку, не е прв пат Камила да се соочува со вакви коментари. Како што напиша, секогаш кога оди на пливање во Мајами се случува истото, а последниот пат кога била навредувана на социјалните мрежи, голем број нејзини следбеници скокнале во одбрана на Камила.
фото:PROFIMEDIA„Телото на Камила Кабељо е толку совршено“, „Она што го гледате на Инстаграм не е реалност, ова е женската реалност“, „Вака изгледа нормалното женско тело“, „Камила Кабељо е прекрасна, нејзиното тело е совршено какво што е“, ја поддржуваа фановите.
фото:PROFIMEDIA- Ви благодарам за вашата љубов, вчера и денес. Ве сакам сите - порача тогаш Камила.
Пејачката, инаку, е позната по тоа што зрачи со самодоверба и не се оптоварува со тоа што другите мислат за нејзиното тело, а во јавноста неколку пати гордо покажа како всушност изгледа женското тело.
- Искрено, на почетокот бев крајно несигурна. Се грижев како изгледаат моите фотографии. "Мојот целулит! О, не. Не го вовлеков стомакот!" Но, тогаш сфатив дека е нормално да имате лоши фотографии и лоши агли, дека моето тело не е направено од камен и мускул... Тажно е што голем дел од девојките и тинејџерите растат во свет кој бара совршенство, а тоа не ни постои!
извор:GLOSSY