Нека секоја те потсетува на мене: Поранешното момче на Цеца во прегратки на девојка која е нејзина копија (ФОТО)

По раскинувањето со пејачката, поранешното момче на Цеце Ражнатовиќ е опкружено со женско друштво ...

Поранешното момче на Цеце Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ, по раскинувањето и пропаѓањето на емотивната врска со фолк ѕвездата, утеха наоѓа во пријателите, но и во честите ноќни излегувања. Иако многумина се прашуваат дали Богдан навистина ја преболел Цеца, јасно е дека тие ќе останат пријатели, како што изјавија, до крајот на животот.

Со оглед на тоа што на бизнисменот му прираснала при срце, а по една фотографија, која се појави на социјалните мрежи, многумина добија впечаток дека тој се обидува да најде слична на неа.

ФОТО: Instagram screenshot



На споменатата фотографија Срејовиќ ужива во женско друштво и е во прегратките на згодна, фатална црнка, која неодоливо потсетува на Светлана. Според „Свет и скандал“ во прашање е извесна Јелена Ѓорѓевиќ, а не се знае дали тоа е само пријателство или таа и Богдан се нешто повеќе од тоа.

Во секој случај, на сите им беше впечатливо што девојката во чие друштво беше бизнисменот, буквално е копија на Цеца.