Некогаш ги носеа само мажи, денес жените полудеа по нив: Најомразените чевли сега се број еден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Мокасините ќе бидат главен тренд и оваа есен кога станува збор за обувките

Мокасините некогаш важеа за не толку популарни обувки, но веќе две години успешно владеат со модниот трон. Овој модел на обувки е во тренд и оваа сезона, особено оние со гломазен ѓон.

Сепак, тоа не значи дека ќе згрешите доколку се одлучите за нешто поскромни мокасини со мала потпетица.


Кој модел или боја и да го одберете, нема да погрешите. Покрај тоа што се удобни, мокасините лесно одговараат на сечиј стил и одлично се комбинираат со здолништа, фустани, панталони, фармерки, костуми...


Светските и домашните трендсетерки како Хејли Бибер, Бела Хадид, Џенифер Лопез, Јелена Ѓоковиќ и Александра Шијакоска со задоволство ги носат, а често служат како инспирација за креирање комбинации.


Луксузните, но и „high street“ брендовите во својата понуда имаат голем избор на мокасини, во најразлични модели и бои.

Извор: stil.kurir.rs