Некои луѓе не заслужуваат деца: Мајка со бебето дошла на фризер, а луѓето се згрозија кога видоа што направи (ФОТО)

Жена по име Летиција Џој ставила видео на Тик Ток од мајка која дошла на фризер со своето бебе . Го оставила бебето во количката и ја спуштила торбата преку него.

Бебето не само што не гледа ништо од торбата, туку е притиснато и од тежината на истата торба. Згора на сето тоа, велат коментаторите, има место под седиштето на количката.


Во аголот на сликата, забележува Летиција, може да се видат нозете на мајката која удобно си седи додека и прават фризура.

„Некои луѓе не заслужуваат деца“, коментира Летиција во видеото кое има скоро шест милиони прегледи.


- Ако јавно се однесува со бебето вака, како е дома?

- Фризерот е подеднакво лош што не и кажа ништо.

- Нејзината чанта е поважна од нејзиното бебе. Жално - коментираат луѓето.