Некои можеби ќе го кажат судбоносното „да“: Шест хороскопски знаци кои до крајот на годината ќе најдат нов партнер

Добивај вести на Viber

Јарец

Во текот на целата година, претставниците на овој знак активно работеа, нивното внимание беше насочено на сопствениот и професионалниот развој. Крајот на годината е прекрасно време да се потсетите на романтиката и љубовта. Ѕвездите уверуваат дека многу брзо Јарците ќе имаат можност да го променат својот брачен статус. Време е поинаку да ја погледнете својата блиска околина - вашата љубов е со вас буквално цела година. Предлогот да започнете романтична врска ќе ве шокира и ќе ви падне на глава со првиот снег. Време е да се одлучите за живописни впечатоци и да се препуштите на моќта на сетилата.

Водолија

Би требало да ги преиспитате своите ставови и да престанете да живеете само за себе, своите интереси и дела, бидејќи наскоро ќе имате можност да ја запознаете својата сродна душа. За да не ја пропуштите љубовта, би требало да го промените својот вообичаен начин на живот: преиспитајте го својот пат од работа до дома, регистријате се на сајт за запознавање, не одбивајте ги повиците за забави, посетувајте курсеви од областите кои ве итнересираат. А, потоа почекајте - вашата личност веќе активно ве бара и чекајте да бидете пронајдени.

Вага

Почетокот на декември на Вагите ќе им подари незаборавна средба, која брзо ќе доведе до романтична врска. Веројатно ова ќе биде личност која долго ја познавате, а срцето ќе даде сигнал дека е време кога е потребно да делувате. Оваа личност веднаш ќе ја почувствувате и препознаете - порано секогаш нешто ве разделувало - оддалеченоста, проблемите на работа, постојаното враќање на поранешниот, но дојде моментот да заборавите на работите од минатото, на стравовите, сомнежите и да им верувате на чувствата.

Стрелец

Состанокот со идната сродна душа ќе се одржи на неочекувано место и точно во моментот кога постои желба едноставно да се одморите, опуштите и да не склопувате нови познанства. Но, судбината има свои планови за вас - може да се појави на приватни забави, венчавки или корпоративна организација со која немате никаква врска. Таму ќе се случи средбата со личноста која ќе ве изненади.

Бик

До Нова година многу претставници на овој знак ќе посакаат затекнато тело. А, ако мислите дека во теретана изгледате непривлечно, тогаш се лажете. Ѕвездите ве советуваат не само ефикасно да ги изведувате вежбите, туку понекогаш и да погледнете околу себе - некој ќе гледа во вас толку што ќе ризикува да падне од лентата за трчање.

Овен

Во последно време бевте премногу имплусивни и брзавте, а ѕвездите одлучија дека е време да го смирите својот жар. Веројатно судбината ќе ве донесе до личноста за време на жестоки расправии, конфликти или дури опасни ситуации. Судбината, некои претставници на овој знак ќе ги доведе до сродната душа по клизава падина - можно е на првиот мраз да се „удрите со главите“.