Некој сака да нѐ скара, но нема да му успее: Елена Ристеска за другарството со Тамара

Добивај вести на Viber

На веб-порталот „Слободен печат“ се појави информација дека другарството меѓу пејачките Елена Ристеска и Тамара Тодевска одамна завршило.

Имено информацијата тврди дека пејачките не се следат на Инстаграм, а дека точната причина не е позната.

Женски Магазин ја дознава точната приказна, од прва рака, поточно од Елена Ристеска која е тотално изненадена од ваквата информација.

- Скарани? Јас таква информација немам, првпат слушам. Последните пораки мои и нејзини се поддршка за сѐ што ѝ се случуваше, а од нејзина страна благодарност што сум тука за неа од кога сме се запознале. Некој сака да направи некаков хаос, но нема да му успее...кој и да е тој- изјави Ристеска за Женски Магазин.