Неколку совети за после капење во базен или море: Заштитете ја косата од хлор и морска сол, а еве како

Добивај вести на Viber

Во лето на високи температури сите пливаме во базен или на море.Но тоа задоволство лошо влијае на нашата коса. Еве неколку совети како да ја заштитите косата од кршење и оштетување од хлор или морска сол

Како да ја заштитите косата од морска сол

Првата и најважна работа е да ја измиете косата со обична вода веднаш по пливањето. Друго решение е да дојдете на плажа со веќе мокра коса, за да го намалите ефектот на солената вода. Но, оваа заштита е само привремена. По излегувањето од водата потребно е да има масло за заштита од сол и УВ зраци, бидејќи штетните зраци се засилуваат со одразот на сонцето на кристалите на солта. Кое масло да се избере? Се препорачува да се користи суво масло, а доколку е честа изложеноста на сол, двапати неделно користете маски за негување на косата.

Како да ја заштитите косата од хлор?

За оние кои повеќе сакаат да пливаат во базен отколку во море, ги чека уште една опасност - хлорот. Хемиско соединение со штетно дејство и за кожата и за косата. Ја ослабува косата правејќи ја сува, а исто така ја измива бојата. Експертите за убавина инсистираат на носење силиконски капи, но и превентивни третмани за зајакнување на косата, бидејќи ако косата е во лоша состојба, таа ќе биде поподложна на влијанието на хлорот. Се препорачува и масло со заштитен фактор, а задолжително е да ја исплакнете косата после капење.


Фото: фреепик

Извор: најжена