НЕМА ДА ИМА КВАЛИТЕТЕН КАДАР АКО СЕ ОЛЕСНУВААТ ИСПИТИТЕ ЗА МАТУРА: Професорите го кажаа нивното мислење

Матурантите изминатиов период бараа олеснување при полагањето на државната матура и три од нивните четири барања се прифатени од страна на Министерството за образование. Но, професорите ценат дека ова е меч со две оштрици и дека во нивната понатамошна едукација ќе се соочат со низа потешкотии.

-Во полугодишните и во годишните извештаи е наведено дека материјалот е целосно реализиран. Ние, без разлика колку часови се изгубени заради голем број причини, успеавме да го реализираме целосно наставниот материјал. Свесни сме дека наеднаш се собира доста материјал, но и учениците треба да знаат дека мора многу посериозно да седнат и да научат. Во нивното понатамошно академско образование, токму заради кратење на прашања од одредени предмети, ќе се соочат со поголеми проблеми, нема да можат да надокнадат тоа што е пропуштено. Освен тоа, најмногу погодени беа средношколците во Скопје. Во главниот град се губеа шасови и заради дојавите на бомби и заради штрајковите на ЈСП. Во другите градови немаа такви проблеми. Но сега материјалот нормално се крати за сите. На факултет нема сигурно да бидат поштедени од професорите, никој нема да им каже, „вие сте од Скопје“, ќе имате полесни прашања бидејќи многу губевте, додека на вас, од останатите градови ќе ви дадеме потежок материјал“. А одлуката секако ќе важи подеднакво за сите матуранти. МОН нема да прави никакви двојби, за скопјаните олеснување, за останатите по старо, велат професорите со кои разговараше Фактор.


Деталите читајте ги на Фактор тука.

ФОТО: МИА