Нема разлика, воопшто не се променила: Гвинет Палтроу со истиот костим на Гучи како од пред 25 години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Неверојатно, тешко дека ќе пронајдете разлика меѓу новите и старите фотографии!Гвинет Палтроу го пресоздаде изгледот од пред 25 години.

Деновиве во Лос Анџелес се одржа спектакуларна ревија на Гучи, а ја посетија бројни холивудски ѕвезди како Мајли Сајрус, Оливија Вајлд, Дакота Џонсон, Трејси Елис Рос, Лиза, Серена Вилијамс... Сите дами се одлучија за екстравагантни , впечатливи, скапи креации, но шоуто го украде Гвинет Палтроу!

Актерката се појави во моќен црвен плишан костум, кој го надополни со светло сина кошула, а интересно е што се работи за нова верзија на оделото што Гвинет веќе го носеше во далечната 1996 година.

Имено, пред 25 години, актерката на доделувањето на ММА наградите се појави во бордо плишан костим кој некогаш го дизајнираше Том Форд за Гучи, а сега оваа креација доби нов живот од дизајнерот Александар Микеле.

Палтроу изгледаше спектакуларно, а интересно е што практично целосно го пресоздаде своето старо издание, па дури избра идентична фризура и накит. Доволно е да ги погледнете нејзините стари фотографии во овој костум и сегашните и да сфатите дека убавата 49-годишна ѕвезда воопшто не се променила!

Во ГАЛЕРИЈАТА погледнете го нејзиното издание, но и модните избори на другите ѕвезди: