„НЕМА ШИРЕЊЕ НА НИКАКВА ГЕЈ ПРОПАГАНДА ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ“: Ова е најмалициозна лага, ОУ „Кирил и Методиј“ со сите детали за домашната задача

Добивај вести на Viber

Домашната задача „Рецепт за среќно семејство“ наменета за првачињата во ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје, предизвика бурни реакции во јавноста, посебно илустрацијата на двајца мажи и едно дете, за што граѓаните оценија дека станува збор за геј пропаганда. Во обид да дојде до одговори дали материјалот е дел од наставната прогреама за учениците од прво одделение и дали навистина станува збор за геј пропаганда, Фактор се обрати до Министерството за образование и наука.

Оттаму нагласија дека содржината која е реализирана во ОУ „Кирил и Методиј“ не е застапена во соодветната наставна програма за прво одделение.

-Наставата во училиштата се реализира согласно наставни програми изготвени од страна на Бирото за развој на образованието и посочената активност, односно содржина која е реализирана во ОУ „Кирил и Методиј“ не е застапена во соодветната наставна програма за прво одделение. Наставниците индивидуално или на ниво на колектив одлучуваат за формите и методите што ќе ги применат со цел ефикасна реализација на наставните содржини и достигнување на стандардите за постигањата на учениците. Повеќе на Фактор.мк