Ненадмината елеганција на кралицата Летиција: Изгледа моќно во најпосакуваното парче на сезоната

Добивај вести на Viber

Позната по импресивната колекција на капути во плакарот, секогаш внимателно негувана, шпанската кралица се пофали со најновиот модел на капут на својот втор кралски настан оваа година.

Позната како една од најдобро обучените жени на кралскиот двор, кралицата Летиција не сакаше ништо да препушта на случајноста кога станува збор за создавање на беспрекорно деловно издание. На настанот во Мадрид, 49-годишната кралица пристигна во стајлинг во кој целосно доминираше тегет бојата.


Кралицата Летиција носеше елегантно темносино палто со два реда копчиња, класично скроено. Под долгиот капут се гледаа и темно сини панталони со бели линии и салонки во иста боја.


Како и многу парчиња во нејзината гардероба, така и ова најново парче го потпишува брендот Hugo Boss, а како кон оваа марка, таа е верна и на парчињата потпишани од дизајнерката Каролина Херера, за чија класична чанта се одлучи овој пат.

Софистицирано чувство за стил, модни комбинации без премногу детали, смели кроеви и вродено достоинствено држење се карактеристични за шпанската кралица. Во сите комбинации таа изгледа моќно и како што би се рекло „кралско“.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм -  screenshoot - letizia_de_princesa_a_reina

10 најубави комбинации од 2021: Шпанската кралица Летција како модна инспирација