Необични кроеви, светли бои, кристали: Ова се најубавите фустани на познатите за 2021 година

Добивај вести на Viber

За нешто повеќе од половина месец и зад нас ќе ја оставиме 2021 година. Оваа година се случија многу работи, пред сѐ во светот на модата.

Безброј неверојатни фустан продефилираа на црвените килими, а ние ги издвоиме некои од нив. Затоа дознајте кои дами (и еден господин) и во чии креации ја однесоа титулата најубав фустан за 2021. година.

1. Бела Хадид на филмскиот фестивал во Кан

Манекенката ги шокираше присутните во црниот фустан од брендот „Schiaparelli“, на окј градите ѝ ги покриваа златен ѓердан во облик на бели дробови.

2. Ел Фанинг на доделувањето на наградите „InStyle“

Актерката ја носеше оваа екстравагантна креација на „Balman“, чиј горен дел всушност е огромен накит.

3. Оливија Родриго на свечениот бал „The Academy Museum of Motion Pictures“

Спрецифичниот крој на фустан, зад кој се потпишува модната куќа „Saint Laurent“, направи Оливија да заблеска.

4. Зендаја на филмскиот фестивал во Венеција

Бежовата кожена креација од брендот „Balmain“ оставаше впечаток како да е мокра. Зендаја во овој фустан изгледа како принцеза од друга планета.

5. Меган Фокс на доделување на МТВ наградите

Проѕирниот фустан со светки и сивите преливи не остави многу простор за мечтаење. Оваа провокативна креација ја потпишува „Mugler“.

6. Аманда Сејфрид на доделувањето на Оскарите

Раскошниот црвен фустан со специфичен прорез можеше да го осмили само неверојатниот Армани.

7. Кери Малиган на доделувањето на Оскарите

Факт е дека на актерката не ѝ беше потребна награда, бидејќи во фустанот на „Валентино“ веќе изгледаше како златна статуетка.

8. Били Ајлиш на Мет Гала

Балскиот фустан во нежна боја на пудра го дизајнираше тимот на Оскар де ла Рента. Били во оваа креација ѝ оддаде почит на Мерлин Монро.

9. Лејди Гага на премиерата на филмот „House of Gucci“

Лелеавиот фустан, кој логично дека го потпишува модната куќа „Гучи“, воодушеви со својата флуидност и виолетова боја. 

10. Рина Савајама на доделувањето на „BRIT“ наградите

Нежната виолетова боја и обилните интересно распоредени карнери го сочинуваат овој свечен фустан на „Balmain“.

11. Кејли Куоко на доделувањето на „Еми“ наградите

Неон жолтиот фустан со интересни прерамки е креација на Вера Ванг. Благодарение на неа, фигурата на актерката дојде до израз.

12. Тилда Свинтон на филмскиот фестивал во Кан

Неколку елементи ја сочинуваат оваа креација на Хајдер Акерман. Особено се издвојуваат ракавите со зелени светки.

13. Дакота Џонсон на филмскиот фестивал во Венеција

Како нежен оклоп од кристали, актерката изгледаше како елегантен воин во фустанот на „Гучи“.

14. Дуа Липа на доделувањето на „Греми“ наградите

„Версаче“ знае да смисли младелашки и урбани креации, како што е овој фустан на чиј горен дел се наѕира пеперутка од светки.

15. Кендал Џенер на Мет Гала

Проѕирниот бежов фустан украсен со сребрени кристали, го потпишува брендот „Givenchy“, креираше бајковита магија.

16. Зои Кравиц на Мет Гала

Модната куќа „Saint Laurent“ беше задолжена за провокативната креација, направена исклучиво од метални синџири.

17. Милена Смит на филмскиот фестивал во Венеција

Асиметричниот облик и црно-белата комбинација создадоа фустан кој влегува во потполно ново разбирање на елеганција. Сето тоа се постигна благодарение на брендот „Balmain“.

18. Џиџи Хадид на Мет Гала

Контрастот помеѓу сатенот и кожата, црното и белото, доведе до тоа манекенката да делува ретро гламурозно во фустан на брендот „Прада“.

19. Реџина Кинг на доделувањето на Оскарите

Модната куќа „Louis Vuitton“ направи нежен сиво-син фустан во кој Реџина навистина изгледаше како кралица.

фото: Profimedia