Невакцинирани гости во Охрид се обиделе да влезат во кафуле преку вода, персоналот го блокираше влезот со ланец

Добивај вести на Viber

Невакцинирани туристи во Охрид наоѓаат начин како да влезат во угостителските објекти без сертификат за вакцинација, преку вода. 

На една од најпопуларните охридски плажи која има кафе-бар, има и скали преку кои гостите на барот се симнуваат да се искапат во езерото. Скалите водат директно во кафе-барот, но во езеро може да се влезе и од плажата која е до него. 

Токму преку скалите кои водат до кафулето, низ вода, гости кои немаат сертификат за примена вакцина се обиделе да влезат во угостителскиот објект. Затоа вчера, на скалите беше поставен ланец, а пред нив маса, за да им биде оневозможен пристапот на кои кои преку вода сакаат да влезат да се напијат кафе. 

-Моравме да го ставиме ланецот, гости без сертификат се обидуваат да влезат преку вода. Ја ставивме и масата за да го блокираме пристапот од оваа страна“, коментираше персоналот на угостителскиот објект. 

 На влезот во кафе-барот има јаже и келнерите прво проверуваат дали гостите имаат сертификат па ги пуштаат да седнат на терасата. Барот е речиси празен откако се воведоа новите владини мерки, но не и плажата. Многу од гостите на плажата земаат пијалоци од влезот на објектот и се освежуваат на лежалките. 

(М.Џ.)