Неверојатна трансформација за улогата на познатата политичарка: Хелен Милер поради ова се најде на удар на критики (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Познатата актерка Хелен Мирен ќе го толкува ликот на израелската премиерка Голда Меир во филмот „Голда“.

Официјалниот трејлер за оваа продукција е објавен, а филмот е заснован на вистинска приказна и го следи периодот од 19 „напнати денови“ околу војната во Јом Кипур во 1973 година. 

Хелен Мирен мораше да направи голема промена во својот изглед за оваа улога , а по објавувањето на трејлерот многумина се импресионирани од нејзината трансформација.

Потсетуваме, кога минатата година беше објавено дека Хелен ќе ја глуми Голда Меир, актерката се соочи со негативни критики бидејќи многумина веруваа дека Голда „треба да ја глуми Евреин“. Мирен подоцна изјави дека за тоа разговарала со режисерот и дека тој „многу ја сакал за таа улога“.

„Ако некој кој не е Евреин не може да глуми Еврејка, дали некој што е Евреин може да глуми некого што не е Евреин?“, изјави таа за Дејли Меил по тој повод.

Трејлерот за овој филм можете да го погледнете во видео прилогот во текстот.