Невеста се омажи во фустан од 270 денари: За џабе блесна во венчаница од соништата (ФОТО)
„Oбичната“ девојка ги исполни насловните страници ширум светот
Откако купила бел фустан во продавница за користена облека, во кој подоцна се омажила, оваа млада жена стана хит во медиумите.
Рејчел Конели (26) живее на Флорида и штотуку се омажи. Иако е само „обична“ девојка, таа се појави на сите насловни страници ширум светот. Зошто? Затоа што го направила невозможното: нашла венчаница која чини 272 денари односно 5 долари !!!!
„Го купив овој свилен фустан веднаш по свршувачката“, напиша таа под фотографиите и видеата на кои се гледа нејзината венчаница.
И тоа не беше единствениот евтин фустан што го носеше тој ден. Две недели пред да каже „да“, нашла „венчаница од соништата“ од 5 долари, која ја облекла подоцна на прославата. Таа исто така сподели видео од овој фустан на TikTok и напиша: „Никогаш не знаете што ќе најдете меѓу поволните работи две недели пред свадбата“.
Друг, побајковит изглед беше мини фустанот со бели паф ракави и здолниште од тантела.
Рејчел успеала да најде две различни венчаници за помалку од 10 долари (545 дeнари), што е повеќе од добра зделка.
Свадбеното видео на Рејчел има над 1,5 милиони прегледи, а следбениците пишуваат дека таа изгледала како војвотката од Сасекс на денот на нејзината венчавка.
Просечната цена на венчаници во САД е 1.631 долари (околу 89.000 денари), пишува магазинот Brides. Сепак, цените може да се движат од 500 до 25.000 долари или повеќе, во зависност од дизајнерот. Но, оваа девојка го направи невозможното - се омажи во фустан од соништата кој не ѝ го испразни буџетот!
извор:stil.kurir
фото:instagram