Невиден луксуз: Овие парчиња облека на Меленија Трамп чинат како стан во Скопје (ФОТО)
Еден капут како двособен стан, а за фустанот веројатно би можеле да купите дуплекс!
Нејзиниот сопруг Доналд Трамп не е единствениот кој предизвикува контроверзии во медиумите, бидејќи некои од комбинации на облека на Меланија Трамп го привлекуваат вниманието на јавноста и тоа не на добар начин.
Според многу новинари, Меланија наводно, избирала облека за време на мандатот на нејзиниот сопруг со цел да дава „суптилни изјави“ за претседателствувањето на нејзиниот сопруг. Згора на тоа, цената на нејзината облека е исто така „жешка“ тема.
Модните дизајнери го сакаат стилот на Меланија Трамп. Сепак, многу од нејзините комбинации на облека се достапни и во врвните продавници, иако по висока цена. Ова се некои од најскапите одела на поранешната прва дама, од „најевтини“ до најскапи:
Маноло Бланик потпетици: 670 долари
Ако сте го гледале „Сексот и градот“, знаете дека чевлите на Маноло Бланик се прилично скапи. Меланија Трамп ги носеше овие врвни чевли во 2017 година кога таа и нејзиниот сопруг го посетија Тексас по ураганот Харви. Иако Доналд Трамп носеше дебели, водоотпорни чизми, Меланија носеше штикли. Ова предизвика контроверзии, но Меланија ги замени со патики кога пристигна таму.
Блуза Балман: 720 долари
Поранешната прва дама покани десет деца во Белата куќа за да ѝ помогнат во градината. За да работи во градината, таа носеше скапа дизајнерска блуза од францускиот бренд Balmain. Добар фит, нели?!
Блуза Гучи: 1.100 долари
За време на дебатата на Трамп со Хилари Клинтон, Меланија избра да облече светло розова блуза од Гучи со лабава машна околу вратот. Таа набрзо стана позната како „блуза за мачки“
Фустан на Џ. Мендел – 7.000 долари
За време на вечерата со британската премиерка Тереза Меј, Меланија по којзнае кој пат го украде шоуто. Таа носеше жолт фустан од дизајнерот Ј. Мендел. Купувањето на овој фустан дефинитивно не е евтино, бидејќи би ве чинело околу 7.000 долари.
Фустан Monique Lhuillier: 8.150 долари
Првата дама носеше прекрасен фустан на Monique Lhuillier на важна вечера во Белата куќа. Фустанот набрзо бил распродаден, но оние кои успеале да го добијат платиле неверојатни 8.150 долари.
Палто Долче и Габана: 51.500 долари
Додека многумина го пофалија чувството за мода на Мелани на состанокот на Г7 во Италија, нејзиното скапо палто Dolce & Gabbana предизвика низа коментари. Скандалозно скапото палто чини 51.500 долари, сума што повеќето Американци не ја заработуваат ниту на годишно ниво, а да не зборуваме кај нас.
Фустан на Ерве Пјер: бесценет
Меланија сакала да облече фустан кој никој нема да го заборави на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Така, таа го контактираше францускиот дизајнер Ерве Пјер за да ѝ дизајнира фустан по мерка. Биографијата на Hervé Pierre не е ништо помалку од спектакуларна, бидејќи тој веќе дизајнираше фустани за првите дами Мишел Обама и Хилари Клинтон. Фустаните што ги прави за вакви пригоди се недостапни и бесценети. Меланија потоа го донираше својот фустан на музејот Смитсонијан.
извор:stil.kurir.rs