Невидено шоу на ревијата на италијанската модна куќа Гучи: Креациите ги носеа 68 пара близнаци (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Ревијата на италијанската куќа „Гучи“ одржана минатиот викенд во рамки на Миланската модна недела го воодушеви модниот свет! Милан за една ноќ стана град на близнаци - дури 68 пара близнаци ги носеа моделите на главниот креативен директор на куќата

Алесандро Микеле, креативниот директор на „Гучи“ им ја посвети колекцијата за пролет/лето 2023 година, поради што го доби името „Твинсбург“ (Град на близнаците).

Микеле, како што подоцна објасни, секогаш ја носел инспирацијата за оваа невидена програма бидејќи растел со својата мајка и нејзината сестра близначка.

- Јас сум дете на две мајки - изјави Микеле, кој шоуто им го посвети на мајка си Ералда и тетка му Џулијана.


- На две извонредни жени, чии животи ги одбележа нивното сестринство. На моите мајки близначки, кои можеа да го разберат животот само со присуство една на друга. Тие живееja во исто тело. На ист начин се облекуваa и ја чешлаa косата. Токму неможноста да се биде совршено идентичен ја прави магијата на близнаците - изјави Микеле пред ревијата.

И брендот „Sunnei“ ангажираше браќа и сестри манекени
Истата вечер, но по ревијата на „Гучи“, модната марка „Санеи“ одржа модна ревија чии модели беа близнаци, но во друга насока.
Лорис Месина и Симоне Рико, креативното дуо на основачите на оваа модна куќа, ја дизајнираа така што манекенките седea меѓу публиката, а потоа излегуваа на пистата. Секоја манекенка потоа одеше зад белата ротирачка врата, а на сцената излегуваше нивниот колега. Креативно!

Самата организација на ревијата, како што пишува „Вог“, била сложена и барала многу време, од кастинг, преку правење костими по нарачка за секој модел, до украсување на пистата.


Секој пар се качил на сцената независно, близнаците разделени со ѕид од огледало во средината. Ниту публиката не можеше да ја види целосната сцена додека на самиот крај не се подигна ѕидот. Потоа браќата и сестрите се држеа за раце и продолжија да одат по пистата.

 Строги кроеви, широк спектар на бои со очила и специфичен накит за лице и нагласен гламур, по кој Микеле е веќе познат во модниот свет, ја карактеризираат новата колекција.

- Уникатните модели направени двапати за потребите на оваа ревија не ја намалуваат уметничката вредност. Модата, на крајот на краиштата, живее од сериски репродукции, кои не се мешаат во највистинското изразување на секоја индивидуалност - рече Микеле.


Фото и Видео: Youtube