Невообичаен симптом на деменција: Се појавува додека одите, еве на што треба да обратите внимание
Чест симптом кој сите го забележуваат е заборавањето, но има и други знаци кои укажуваат на деменција.
Заборавањето на клучевите, размислувањето дали сте ја заклучиле вратата кога сте излегле од дома или сте го исклучиле шпоретот се вообичаени појави, и не мора да значат дека имате проблем со меморијата. Деменцијата е губење на способноста за паметење, размислување или донесување одлуки, до степен до кој се меша во секојдневниот живот на засегнатото лице.
Губење на меморија
Важно е навреме да се открие деменцијата, бидејќи доцната дијагноза на деменција значи дека заболените имаат помалку време да ги испробаат можните опции за лекување и да донесат важни одлуки за својата иднина, предупредуваат лекарите. Иако губењето на меморијата и заборавањето на одредени работи се некои од првите знаци на болеста, постојат и други, помалку познати симптоми кои повеќето луѓе ги игнорираат, пишува „The Sun“.
Мали чекори и замавнување со раката
Како што објаснуваат лекарите, некои од симптомите на деменција може да се појават при прошетка, односно при одење. Тоа се обично: Лоша ориентација во просторот, побавно темпо на одење, помали чекори, како и зголемено замавнување на рацете при одење. Иако секој од овие знаци не мора веднаш да значи дека личноста боледува од деменција, студијата покажала дека токму овие промени можат да укажат на почетокот на оваа сериозна болест. Споменатите промени настануваат пред сè поради тоа што лицата со деменција имаат проблеми со одржување на рамнотежа додека се во движење, односно при одење, нагласуваат лекарите.
Фото:Фрипик