Ни смртта не нѐ раздели: Тажната љубовна приказна на Јосипа Лисац

Добивај вести на Viber

Од секогаш раскажуваа дека се сретнале, се погледнале и веќе не се разделиле. Легендарната пејачка Јоспиа Лисац и нејзиниот партнер, музичарот Карло Метикош и 25 години по неговата смрт, како да не се разделени. Секој концерт кој го прави Јосипа му е посветен нему, а Лисац вели дека нивната љубов е сѐ уште жива.

„Не го сакам зборот сеќавање, затоа што јас сите наши слики ги носам во себе засекогаш. И не само што тие се во мене, туку ги пренесувам понатаму. А нашата љубов е сѐ уште тука и нејзината присатност ме облагородува“, вели Јосипа.

Нејзината љубовна приказна со Карло почнала во 1971 година. Тој тогаш градел светска кариера под името Мет Колинс и како популатен пејач имал зад себе околу 20 свршувачки со грофици, манекенки, стјурадеси. А Јосипа само што почнала да го привлекува вниманието на јавноста како вистинска рокенрол дива.

Иако беа животни партнери, тие никогаш не се венчаа.

„ Во бракот се губи идентитетот. Не би можела да поднесам некој да ме нарече своја жена. За Карло, никогаш не бев негова жена, туку само Јосипа“, раскажа таа за магазинот „Стори“. 

„Кога дојдов во Загреб од настапите низ Европа, сфатив дека музичката сцена се сменила, имаше групи и пејачи како печурки по дожд. Потоа ја запознав Јосипа. Ни се сретнаа погледите, како во некоја приказна, и потоа не се разделивме, од 1971 година. Бев воодушевен и од тоа како пее и како се однесува. До уши се вљубив во неа. Од Петрињa со автобус тргнавме накај Загреб, седнав до неа и тука по малку се запознававме. Јосипа подоцна ми призна дека како девојче, одела да види каде живеам, но ѝ кажале погрешна улица, „Моше Пијаде“. Се возела со трамвај и гледала во некој туѓ прозорец, мислејќи дека е мојот. И прваta плоча која таа ја купила била мојата, на Мат Колинс. Судбина“, раскажал пејачот и композитор на повеќето хитови на Јосипа, Карло Метикош. 

Таа судбинска љубов е овековечена во албумот „Дневникот на една љубов“ на Јосипа од 1973 година.