НИЕ СМЕ САМИТЕ ИЗВОР НА СОПСТВЕНИОТ НЕМИР: Мудри мисли на Исидора Бјелица

 "Мирот е во нас, и немирот е во нас, сето друго е излив на тој наш мир и немир, па ни се чини дека доаѓа од надвор. А всушност, ние сме извор на се што влегува во нас", велеше познатата српска писателка и драматург Исидора Бјелица. Таа пред неколку години ја изгуби битката со ракот, но останува во нашите срца запаметена по ведриот дух , по шеширите и уикатниот стил на облекување, по борбеното срце.

На социјалните мрежи, авторката на бестселерите "Да се љуби и да се умре на Карибите", "Мирисот на небото" и многу други, често споделуваше мотивирачки мисли.  "Не е целта на се во животот да гледаме со позитивен став. На проблемите треба да им се пристапи и да се решаваат. За џабе пари за скапи психотерапии, најдобрата терапија е дуалната.

* Некако во последно време се повеќе е сведено на вештачкото, премногу шминка, вештачки додатоци, пластични операции. Што мислите вие за тоа?

- Тоа не е мојата шолја чај, тоа е за бизнисот на старлетите.

* Што ѝ треба на една жена да биде среќна?

- Пред сѐ, треба да изгледа автентично, да работи и живее онака како се чувствува. Автентичноста е тајната на среќата, а не другите да ни диктираат што да правиме и како да изгледаме.

Мислите ли дека дамата се раѓа или се гради?

- Мислам дека се раѓа, но мора перманентно да работи на себе за да се одржува. Надворешната елеганција мора да биде проследена со висока свест и добра душа инаку се е напразно. Начинот на кој се облекуваме е наша порака за тоа како размислуваме, што сакаме, тоа е прв знак за препознавање.

Најголемите проблеми се решаваат на кафе со пријателка", изјави Бјелица своевремено за Женски магазин во Скопје, на промоцијата на книгата "Помагајте пријателки". На претходно гостување во Скопје, Бјелица , раскажа дека не ја знае точната бројка на нејзината најдрага колекција на шапки. Нејзин моден пример се принцезата Дајана која лично ја запизнала, но и Одри Хепберн, која се познавала со нејзината мајка.

Исидора Бјелица е родена во Сараево на 10 декември 1967 година, каде завршила средно училиште. Потоа, таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград (Катедра за драматургија) и магистрирала на истиот факултет.
Жвееше и работеше во Белград. Беше во брак со Небојша Пајкиќ, со која има две деца, Лео Григорије Пајкиќ и Вила Евангелина Пајкиќ.