„Војната“ никако да престане: Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се скараа, адвокатите на популарниот актер ги открија деталите

Добивај вести на Viber

Анџелина Џоли и Бред Пит не се во добри односи со години, а сега повторно започна со кавгите  од почеток. Како што веќе е познато, актерката продаде половина од нивното лозје во Франција што го разлути Бред.

Вредноста на овој имот се проценува на 160 милиони долари, а уште додека биле во брак се договориле никој да не го продавасвојот дел без дозвола на другиот. Сепак, очигледно Анџелина не се грижела за тоа.

Правните документи, кои беа поднесени во Лос Анџелес во четвртокот, покажуваат дека актерот помогнал да се зголеми профитот на лозјето, а неодамна и прослави дека розе виното произведено од таму ја доби наградата „Најпосакуваото розе вино од Прованса во светот“.

Адвокатите на Пит тврдат дека Џоли тајно го продала својот дел во 2021 година, по спорот што го имале околу старателството над децата.


Фото:Instagram