Никогаш не е доцна: 74-годишна жена изгуби 29 килограми и сега споделува совети за фитнес

Ништо не ве мотивира да започнете да вежбате? Земете пример од Џоан Мекдоналд

Американката, која годинава наполни 74 години, предизвика чудење и восхит, откако на својот профил на Инстаграм објави фотографии од нејзината трансформација. Во изминатите три години, Џоан изгуби 29 килограми, а сега споделува фитнес совети со своите следбеници на социјалните мрежи.

Џоан на 42 години и на 72 години

Објавува безброј видеа и фотографии во кои крева тегови и прави многу напорни вежби, дури и за млади.

На пример, во нејзиниот неодамнешен пост, Џоан зборуваше за нејзината трансформација и што точно ја мотивирало да ги достигне своите цели.

- Кога започнав со трансформацијата, мразев да купувам облека. Всушност, повеќето од гардеробата ми стоеше грозно. Носев широки шорцеви и широки маици во здодевни бои - напиша 74-годишната под фотографија пред и по трансформацијата.

- Не ми се допаѓаше начинот на кој се облекував. Честопати мислев дека ништо не ми стои добро, особено не на моја возраст.

Дури кога нејзината ќерка и купила спортска облека за тренирање, Џоан се почувствувала мотивирано да вежба.

- Кога се видов себеси во таа облека, сфатив дека јас всушност имам мускули, и сум во добра форма. Се чувствував толку добро. Некој би помислил дека нешто површно како облеката не може да има големо влијание врз тоа како се перцепираме. Но, ако јас можев да се мотивирам во моите седумдесетти, така можете и вие. Секојпат кога одам во теретана, или ја напуштам куќата, воопшто, секогаш прво го комбинирам мојот стајлинг за тренинг.

Џоан исто така често објавува фотографии во костими за капење.

- Ми претставува задоволство да се облечам во костим за капење, никогаш повеќе нема нешто да земам здраво за готово - напиша таа во описот на видеото на кое е во костим за капење и фустан од плажа.

Џоан верува дека за да постигнете некоја цел, клучно е да се почитувате и да си дадете време за промени.

извор:telegraf.rs 

ГАЛЕРИЈА од трансформациите на Џоан: