Никој не знаеше дека е бремена: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го очекуваат четвртото дете, актерката наеднаш го покажа трудничкото стомаче - и веќе е на половина пат

Добивај вести на Viber

Блејк Лајвли (35) и Рајан Рејнолдс (45) важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд, а најновите вести докажуваат дека тие навистина живеат вистинска семејна идила. Имено, Блејк и Рајан го очекуваат четвртото дете!

Парот прилично ја изненади јавноста - веста не ја сподели ниту со медиумите, ниту на социјалните мрежи, туку актерката едноставно се појави на Forbes Women's во Њујорк, истакнувајќи го зголемениот труднички стомак. 

Имено, Блејк гордо им позираше на насобраните фотографи во краток, проѕирен фустан со златни светки, кој јасно покажа дека е во поинаква состојба. Сепак, и покрај тоа што е бремена, убавицата не се двоумеше да облече ултра модерни чевли со платформа и вртоглаво високи потпетици од најмалку 15 сантиметри.

Парот не беше достапен за коментар, но судејќи по големината на стомакот на Блејк, таа сигурно веќе влегла во петтиот месец од бременоста.

Да потсетиме, Блејк и Рајан се запознаа во 2010 година на снимањето на филмот „The Green Lantern“, а во тој момент и двајцата беа во врска, па воспоставија само пријателски односи. Сепак, една година подоцна и двајцата ставија точка на претходните врски, а во 2012 година влегоа во брак.

Денеска уживаат во своето големо, среќно семејство – имаат три ќерки Џејмс (7), Инес (5) и Бети (2), а сега очекуваат уште едно дете! Секоја чест! 

Инаку, Рајан во декември минатата година најави дека ќе паузира од актерството за да се посвети на семејството и да поминува повеќе време со своите деца. „Најголемото нешто за мене е тоа што не сакам да пропуштам сè што има врска со моите деца. Сакам да живеам како нормална личност, за моите деца да имаат нормален распоред“, објасни тој.


Фото: Профимедиа

Ја оддржуваат страста со хумор: Вака Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се сакаат повеќе од 10 години (ФОТО)